еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И за време на полициски час може да пријавите семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика известува дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство за време на полицискиот час најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700, која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE.

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.

Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.

Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон:

Хуавеј: appgallery.cloud.huawei.com.

Андроид: play.google.com.

Apple: apps.apple.com.

„Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на родово базирано насилство или семејно насилство да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на родово базирано насилство или семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите,“ се вели во соопштението на МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Заев: За викенд не работам, полнев батерии со мотор и направив убава турнеја низ Македонија

Редакција

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката во стабилна состојба

Редакција

„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон

Редакција