еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот

Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, цените најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.

-Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.

Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни нови построги мерки, ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти

Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев

Редакција

Правда ќе бара во Стразбур: Пчеларот чии пчели искасале сограѓанин треба да плати околу 10.000 евра казна

Редакција

Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи на Ковид-19

Редакција