еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Илинденското востание е македонско или бугарско?

Лавина од реакции на бугарскиот државен врв по повеќе од една недела предзвика изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско, а ако некој бугарски граѓанин сака да го чествува истото, нека го чествува.

На 2 август, само неколку часа откако Заев со неговиот колега Бојко Борисов положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград, на Фејсбук бугарскиот претседател Румен Радев напиша дека Илинденското востание го кренале Бугарите од Македонија и Тракија.

Следниот ден Заев ја даде спорната изјава според Бугарите, а неколку дена подоцна се јави и Борисов, кој му порача на нашиот премиер два пати да мисли пред да рече нешто за Илинденското востание.

Покуса не остана и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која одговори на повиците на претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која побара од Борисов да реагира на изјавата на Заев.

Захариева отиде уште подалеку и возврати дека нема да прифати совети од партијата која ги продала коските на Гоце Делчев на Титова Југославија и дека Илинденското востание географски може да се рече дека е македонско и тракијско, но историски е бугарско.

За бугарските власти не е спорно само Илинденското востание, туку и чив е цар Самоил, Гоце Делчев и уште многу други историски личности кои и Македонија ги смета за свои.

Работите во оваа сфера допрва ќе се вжештуваат, имајќи во предвид дека комисии од двете земји работат на разграничување на историјата, што произлегува од Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

Пред потпишувањето на Договорот, голем број експерти предупредија дека истиот има спорни членови, а според нив најспорен е членот 8, според кој историјата во Македонија ќе се заснова на „историски факти“, што автоматски значи дека нашата историја до сега не се засновала на историски факти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција порасна на 45 лица

Редакција

Ќамил Ковачи нов директор на ЈП Улици и патишта Скопје

Редакција

Ракот на дојка е излечлив доколку се дијагностицира навреме

Редакција