еМагазин
БЕНЧМАРК

Инфо-денот за мерка 3 од ИПАРД-програмата 2014-2020, утре се одржува во Битола, а во петок во Градско

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, својот ИПАРД инфо караван за Мерка 3, деновиве го праќа во Битола и Градско.

Средбата со граѓаните, претпријатијата (микро, мали и средни) и  заинтересираните задруги, во Битола ќе се одржи во четврток (23.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство очекува голем одзив на индустриите, особено оние од мелничкиот сектор.

Наредниот ден (24.01.2020), за мерка 3 ќе слушаат винариите и сите заинтересирани во Градско и околината. Средбата е закажана во 11:00 часот во Винарија Стоби.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи. Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на на имотот на претпријатието.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Франција вели оти нејзиниот предлог не бил на штета на Македонија

Редакција

Холандска европратеничка бара почитување на македонскиот идентитет, јазик и историја од сите во ЕУ, а што бараат бугарските европратеници: Извештај на ЕП за Македонија

Редакција

Италијанскиот премиер Драги повика на итен почеток на преговори со Македонија и Албанија

Редакција