еМагазин
Image default
Македонија

Иницијатива „Правда за Никола Груевски“: Со внимание ја очекуваме одлуката на второстепениот кривичен совет

Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ со внимание ја очекува одлуката на второстепениот кривичен совет по жалбата на Никола Груевски во врска со одбивањето на барањето за одложување на издржувањето на казната.

„Како иницијатива остануваме на нашето барање и очекување, кривичниот совет внимателно да ги согледа сите факти и аргументи наведени во жалбата на пратеникот Никола Груевски и истата да ја прифати со што ќе дозволи одложување на издржувањето на казната.

Иницијативата ги информира граѓаните на Македонија дека барањето за правда ќе продолжи и во наредниот период преку превземање на сите демократски средства се до исполнување на нашите барања.

Очекуваме, претседателот Ѓорѓе Иванов, на кого му даваме јасна и недвосмилена поддршка да не дозволи политичкиот прогон во Македонија да продолжи.

Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“, се вели во соопштението на иницијативата „Правда за Никола Груевски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најверојатно ќе остане пратеник: Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Судот има три дена да одлучи дали Груевски ќе оди во затвор

Ќе се јави ли Груевски денеска на издржување на затворската казна

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 758.001, трета доза примиле 1.039 граѓани

Редакција

Обвинителството отвори предмет за организирана забава во угостителски објект во Прилеп

Редакција

23 пожари за 24 часа во Македонија, два се активни

Редакција