еМагазин
Image default
Македонија

Инспекторатот не утврдил нерегуларности во академскиот напредок на Адеми и Нухиу

Просветниот инспекторат не увидел недоследности во образовно- научното унапредување на државните функционери Арбер Адеми и Агим Нухиу, пишува во извештајот од вонредната инспекција кој ја спровел лично директорот Томе Спировски, објави Алсат-М.

Оттаму се оградија од инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој тврдеше дека има прекршување на процедурите кога Тетовскиот универзитет го назначил Адеми за доцент, а Нухиу за вонреден професор.

За случајот на унапредувањето на Адеми во доцент, во текот на времето кога бил државен функционер, од Инспекторатот велат:

„Тука не се работи за мирување и продолжување на рокот на огласот, туку за фактичка состојба во која кандидатот по докторската дисертација ги исполнува условите за доцент, што е нормално напредување во високото образование, унапредување кое не се врши според предвидени рокови, туку според докторската дисертација и исполнувањето на условите за станување доцент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски добивал закани: Ме тераа да молчам за аферата на Тетовскиот Универзитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 364 случаи на Ковид-19 од 2.379 тестирања

Редакција

Сведоштво на Лазаревски во „Таргет-Тврдина“: Првото унапредување го добив во времето на Јордан, а бев деградиран од Сашо Мијалков

Редакција

Зголемен број на позитивни и со тешка клиничка слика од Ковид-19 во Делчево

Редакција