еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Ирис“ е првата книга на 17-годишната Емили Обочки

„Ирис“ е наслов на првата книга, новела, на Емили Обочки – седумнаесетгодишна девојка, ученичка од трета година во гимназијата СУГС „Георги Димитров”.

Книгата беше неодамна објавена од издавачката куќа „Ѓурѓа” и воедно промовирана од страна на авторот и академик, Александар Прокопиев.

Новелата „Ирис“ од Емили Обочки опфаќа разни теми: последиците на војната врз развојот на децата, психолошкото созревање на поединецот и љубовта во семејството, сите вешто испреплетени во една целина која буди силни емоции кај читателите.

Како едно дете живее со консеквенциите од тоа бурно време? Што значи човек да се разбуди во сосема ново семејство? Моќно дело каде што се поврзани макотрпната војна и потребата од своите најблиски, а на многу реален начин е доловена и пропаста на човекот при одделување од својата фамилија.

Со првиот чекор во новиот дом Дороти Еванс запаѓа во една заблуда за својата околина, која суптилно ги прикажува нејзините најстрасни каприци и во која секоја спомената индивидуа ја претставува една од петте фази на тагување. Но, дали тука војната со сопствените емоции се издигнува над онаа што всушност бил нејзин причинител?

Книгата е достапна за продажба на страната на концептуалната продавница Urma на следниот линк: urma.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Донирај компјутер“ донирал над 3.000 компјутери

Редакција

Пивара Скопје донираше летниковец во Општина Ѓорче Петров

Редакција

Семејство од Кичево изгреба стан на инстант лозот „Доме, сладок доме“ – добивка вредна близу пет милиони денари

Редакција