Искра Коровешовска е новиот главен уредник во телевизијата Алфа. Информацијата ја соопшти лично таа на Фејсбук, вчера:
“Од денеска мојата улога е одговорноста за вестите на Алфа телевизија. Главна да, но и најодговорни улога. Алфа има тим на луѓе кои вредат колку повеќе медиуми во едно, фантастични, професионални новинари! Сигурна сум ќе функционираме како тим – семејство кое ќе руши рекорди на гледаност! Алфа, тоа сме ние!“, напиша таа на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Коровешовска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.