еМагазин
Image default
Македонија

Испитите на прилепскиот Економски факултет ќе се полагаат со физичко присуство и со протоколи

Околу 700 студенти на прилепскиот Економски факултет денеска ги завршија интернет-предавањата, а Наставно-научниот совет донесе одлука за полагање на испитите со физичко присуство.

Според продеканот за настава, професорот Димитар Николоски, Наставно-научниот совет на факултетот заклучи дека има доволно просторни можности за изведување на испитите во јунската сесија со физичко присуство, што е еден од главните услови со владината уредба и секако со спроведување протокол и заштитни мерки.

– Полагањето на колоквиумите и испитите ќе се одвива со физичко присуство на студентите, бидејќи просторните услови на Економскиот факултет во Прилеп тоа го овозможуваат. При полагањето ќе се применуваат протоколите за заштита пропишани од Владата.

Првата колоквиумска недела е од 3-ти до 10 јуни, а втората од 15-ти до 20 јуни, вели Николоски.

Според анкетата што ја спроведе Студентскиот парламент, студентите сакаат полагање со физичко присуство. Според Филип Петрески, потпретседател на Студентскиот парламент тоа е многу важно за квалитетно и реално да се покажат стекнатите знаења.

– Преку 90 насто од студентите на Факултетот ја следеа „онлајн наставата“. Предноста од ваквиот начин на предавања за во иден период е што, доста се научи од интернет податоците, а економските науки може да „поднесат“ ваков вид предавања.

Студентите, во анкетата што ја спроведовме се изјаснија за полагање колоквиуми и, посебно, на испитите, со физичко присуство. Има можности и тоа ќе биде пореално оценување. Инаку, некои студенти немаат доволно просторни услови, но можеше да се случи за време на полагањето сите домашни да бидат во една просторија, вели Петрески.

За Ангела Митреска, од Студентскиот парламент која следеше настава од трета година, полагањето со физичко присуство е и психолошка предност.

– Многу значи за студентот да е во амфитеатрите, во професионалната средина. Ќе има повеќе концентрација и мотив да даде сѐ од себе, вели Митреска.

МИА/Фото: Економски факултет Прилеп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 664 пациенти

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“

Редакција

Нови 515 случаи на Ковид-19 од 1.293 тестирања

Редакција