еМагазин
Image default
Бизнис

Исплата на пензиите ќе почне од 25 април

Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година.

На седницата Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа – од 25 април.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25 април (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27 април (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28 април (петок), стои во соопштението од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската фирма од која ќе купуваме природен гас, добила лиценца на 15 септември годинава

Редакција

Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Редакција

Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не, уверува Бектеши

Редакција