еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Историски успех: Македонија со победа над Грузија се пласира на Европското првенство во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Грузија и прв пат во историјата се пласира на Европското првенство во фудбал.

Нашиот тим победи со 1:0, а победничкиот гол го постигна Горан Пандев во 56. минута од натпреварот.

Се чини дека нашите фудбалери во прав момент постигнаа огромен успех кој ќе ги разведри македонските граѓани во ова „време-невреме“ и барем за момент ќе заборават на пандемијата од Ковид-19, опструкциите од соседна Бугарија, економската криза, загадувањето…

„еМагазин“ искрено им честита за историскиот успех.

Фото: Фејсбук/УЕФА Еуро 2020

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на приходите, добивката и извозот на Алкалоид во првото полугодие

Редакција

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Редакција

Осомничената за убиството на Тот ги запрепаситила полицајците, по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење, објави „Јутарњи лист“

Редакција