еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Во швајцарската банка “Кредит Свис“ се чувале „валкани“ пари и од Балканот

Проектот за известување за организиран криминал и корупција, конзорциум на 47 медиуми од светот, кои имале увид во повеќе од 18.000 сметки од банката, објави дека во швајцарската банка „Кредит Свис“ се чувале пари од криминално и незаконско потекло.

Новинарското истражување се базира на протечени документи од банката во периодот од 1940 до 2010 година.

Според истражувањето меѓу клиентите на банката биле и луѓе поврзани со тортура, трговија со дрога, перење пари, корупција и други сериозни кривични дела, а истото покажува дека банката, и покрај тоа што имала предупредување за потеклото на парите, сепак продолжила да соработува со овие лица.

Податоците биле анонимно доставени до германскиот весник Зидојче Цајтунг пред една година, а со овие сметки се опфатени 37.000 луѓе и компании со вкупна сума од 100 милијарди долари, од кои најмалку 8 милијарди долари се поврзани со клиенти идентификувани како „проблематични“.

Најголемиот дел од луѓето наведени во протечените податоци доаѓаат од земји во развој во Африка, Блискиот Исток, Азија и Јужна Америка. Меѓу државите со најголем број клиенти се Египет, Венецуела, Тајланд и Украина.

Кредит Свис ги демантира обвинувањата. Од банката велат дека наводите се засноваат на делумни, неточни или селективни информации извадени од контекст. Тие додаваат дека анализирале голем број од сметките поврзани со овие обвинувања и околу 90% од нив денес се затворени.

Целото истражување ОВДЕ.

Фото: occrp.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа, вели Радев

Редакција

Граѓани повторно се жалат на лошата услуга од Комерцијална банка

Редакција

Новогодишна распродажба на автомобили во НБРМ: „Ауди“ за 5.669 евра, „Цитроен Ц4“ за 2.014 евра

Редакција