еМагазин
Image default
Свет

Истражувачки институт во Марсеј: Лекот против маларија е безбеден третман против коронавирусот

Научно-истражувачкиот институт на професорот Дидие Раул во Марсеј на интернет го објави резимето на новата студија во која се спомнуваат заслугите на хидроксихлорокин против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинската сфера, јави дописникот на МИА.

– Хидроксихлорокин (добиен од хлорокин, лек против маларија) во комбинација со азитромицин (антибиотик,), администриран веднаш по дијагнозата, е безбеден и ефикасен третман против ковид-19 – се наведува во заклучокот на истражувањето, што денеска беше претставено на претседателот Емануел Макрон за време на неговата изненадувачка посета на Болничко-универзитетскиот институт Медитеране Инфекција.

Според студијата, на 1.061 пациенти тестирани позитивно за новиот коронавирус и заразени „најмалку три дена“ го добиле овој третман промовиран од специјалистот за заразни болести.

По 10 дена, повеќе од девет од десет пациенти (91,7 отсто) имаа нула вирусно оптеретување, што значи дека не е пронајден коронавирус во нивните анализи, а пет лица починале, пациенти на возраст од 74 до 95 години.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Скопје спремно за викенд-карантин

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на корона вирусот

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина

Редакција

Се јави Исламска држава: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција

Редакција

Американската војска ќе се вакцинира со Глаксо вакцината против Ковид-19

Редакција