еМагазин
Image default
Македонија

Иванов: Антикорупциска да го провери имотот на сите носители на државни и јавни функции

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба, велат од неговиот Кабинет.

“Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај.

Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“, велат од неговиот Кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на Ѓорге Иванов

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајката на заразеното бебе од Кочани нема корона вирус, се чекаат резултати од таткото

Редакција

Радев на Мишел му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија

Редакција

Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево

Редакција