еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Изборниот законик прв чекор, втор чекор промена на цензусот за успешност на референдумот?

Владата покажа дека е подготвена на секакви чекори за да не ја прегазат роковите и да остане на ветувањата за спроведување рефрендум за промена на името во септември или најдоцна октомври, годинава.

Не може поинаку да се протолкува вчерашната одлука за измени на Изборниот законик со кои членовите на Државната изборна комисија во иднина ќе се избираат со апсолутно мнозинство од 61 пратеник наместо како досега со двотретинско мнозинство.

Во спроведувањето на референдумот нема ништо спорно, како и во намерата на Владата да најде решение за деценискиот спор и да го понуди на одлучување на граѓаните преку референдумско прашање.

Сепак, се наметнува дилемата колку целта ги оправдува средствата, посебно што во самиот предлог за измени на Изборниот законик се наведува дека тој се носи со цел да се разреши проблемот што се појави со блокирање на процесот на избор на Државната изборна комисија и се споменува дека Уставот на Република Македонија го уредува потребното мнозинство за донесување на одлуки, кое варира во зависност од законската материја или избраната или именувана позиција за која се носи одлука.

Во него пишува и дека целта на овие механизми, а особено на двотретинското мнозинство при носење на одлуките е да се обезбеди поширок легитиметет и инклузивност на сите политички субјекти претставени во Собранието.

Затоа, неизбежно е прашањето каков легитимитет нуди одлуката за да се менува начинот на кој се избира ДИК посебно за толку чувствително прашање какво што промена на името односно референдумско изјаснување на граѓаните.

Се поставува и дилемата дали и покрај многубројните ветувања дека нема да се менува Законот за референдум би можело да се очекува следен чекор на Владата да биде намалување на цензусот за успешност на референдумот.

Во јавноста вчера имаше низа реакции во однос на владината одлука да се менува Изборниот законик. Граѓаните прашуваат до каде е подготвена да оди Владата и дали ќе заборави на довчерашните критики кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која во многу случаи „на сила“ без учество на опозицијата носеше битни одлуки во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Британскиот амбасадор положи македонски: Негувајте го вашиот јазик и култура

Редакција

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Редакција

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ маршираше во Охрид, Мицкоски порача дека договорот со Грција е “диво месо“

Редакција