еМагазин
Image default
Македонија

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје одложен за идниот понеделник

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник.

Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.

На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот.

– Ги читаа досиејата кои стигнаа во петокот, меѓутоа им требало повеќе време за секој да го проучи досието за јавните обвинители. Сите имаа примерок што им беше доставен во петокот, а некои и утринава, сметаа дека им треба дополнително време. Јас не можам да се мешам во тој дел, затоа што и онака сме тенки со мнозинството и не можам да дозволам некој да рече дека не може да гласа и да замине, изјави Јолевски.

Оценките и досиејата за секој јавен обвинител, Јолевски посочи, дека се од доверлив карактер и така и се разгледуваат.

Претседателот на Советот, по разгледувањето на двете точки за именување на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК ја прекина денешната 70-та седница, на чиј дневен ред се изборот на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово.

На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеснаесет новозаболени, еден починат од Ковид-19 во Куманово

Редакција

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Редакција

Владата прогласи тридневна жалост, поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Редакција