Охридска банка АД Скопје ги избра добитниците на награди предвидени во наградната игра „Визарата може сè“, која траеше во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година. Имено, во просториите на Банката на ул. Орце Николов 54, Скопје, во присуство на жири комисија составена од претставници на Банката и Нотар, доделено е едно возило Suzuki Swift и десет електрични тротинети.
Добитник на главната награда патничко возило Suzuki Swift е Соња Тошевска од Скопје. 10-те тротинети се доделени на клиенти на Банката од Скопје, Охрид, Куманово и Гевгелија, односно на: Стефан Стојоски, Борче Кочевски, Александар Толов, Роберт Петковски, Гордана Симоновска, Јулијана Крстевска, Игор Арсовски, Аница Петреска, Мирела Хасановиќ, Андријана Јовановска.
Денес наградите беа и официјално врачени на добитниците во Дирекцијата на Охридска
банка АД во Скопје.
„Јас сум многу изненадена, не очекував. Возбудена сум, измешани чувства, радосна и сè уште не ми се верува. Ја гледам пред мене колата и пресреќна сум навистина. Сакам да се заблагодарам на Охридска банка, на организаторите, на менаџментот. Сакам да кажам дека сме поодамна во Охридска банка, од 2008. Едноставно, тогаш кога највеќе ни требаше пред многу години кредит, Охридска банка ни излезе во пресрет и навистина толку релаксирано беше искуството и за што и да беше, вработените секогаш имаа разбирање.“ изјави Соња Тошевска, добитник на главната награда патничко возило Suzuki Swift.
„Не помислив дека ќе добијам награда кога аплицирав за кредитната картичка Визарата. Изненадено се чувствував и не верував сè додека не дојдов да го видам тротинетот. “, изјави Роберт Петковски, еден од десетте добитници на тротинети. Во оваа наградна игра право на учество имаа сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, кои се корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Visa, а кои ја извадија новата Визарата кредитна картичка, како и сите оние кои ја поседуваа само Визарата кредитната картичка издадена од Охридска банка.
Па така, во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година додека траеше наградната игра, основниот услов за учество во неа беше клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата даваше можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во
Наградната игра имаше право да биде извлечен само за една награда. Вработените во Охридска банка АД Скопје немаа право на учество во оваа наградна игра. Повеќе информации за наградната игра и за добитниците може да прочитате на веб страницата на Банката и/или на социјалните мрежи.
Охридска банка АД Скопје продолжува да нуди промотивни активности, поволни услови и наградни игри за сите свои лојални и нови клиенти.
Визарата е нова кредитна картичка од брендот Visa која ја издава Охридска банка и истата на клиентите им овозможува плаќање на рати без камата во земјата, во странство и преку Интернет. Сите трансакции над 2000 мкд направени во трговија се делат на однапред дефиниран број на рати кој зависи од износот на трансакцијата.
Клиентите за овие трансакции не плаќаат камата, туку единствениот трошок е еднократна провизија која исто така се дели на бројот на рати на кој е поделена и трансакцијата.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА