еМагазин
Забава

Избрани шестте композиции за националниот избор за Евровизија 2022

Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра шест композиции кои ќе земат учество на националниот избор за песна на Евровизија 2022, информираат од МРТ.

Согласно правилата за одржување национален избор за песна и претставник на избор за песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ во состав на Мери Попова, Зоран Мирчевски, Биљана Николовска, Александра Јовановска, Јана Бурческа, Маја Трпчановска, Ардита Имери на 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот, кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година.

Избраните шест композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се на изведувачите: Калина Велковска – Кaly, наслов на композиција: „Love and light“, автор на музика: Давор Јордановски, автор на текст: Весна Малинова, аранжман: Никола ВасковНино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ, изведувач: Јон Ајдини – Yon Idy, наслов на композиција: „Dreams”, автор на музика и текст: Yon Idy, аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy, изведувач: Лара Иванова, наслов на композиција: „Flower of sorrow”, автор на музика: Роберт Билбилов, автор на текст: Робин Зимбаков, аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров, изведувач: Виктор Апостоловски, наслов на композиција: „Superman“, автор на музика: Владимир Дојчиновски, автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски, аранжман: Владимир Дојчиновски, изведувач: Андреа Коевска – Аndrea, наслов на композиција: „Circles”, автор на музика: Александар Масевски, автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска, аранжман: Александар Масевски, изведувач: Борис Цветановски – Ris Flower, наслов на композиција: „Flying to Berlin”, автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower, автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower, аранжман: Мустафа Џанбазлар.

Согласно Правилникот, за избраните шест композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе и бидат презентирани на јавноста утре во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.

Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50:50.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Продолжува навивачката зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол

Редакција

(Видео) Ми фали Груевски како глумец: Дац и Митевски во „Еден на Еден“ кај Жаре

Редакција

(Галерија) Кои се наградените на Златна бубамара на популарноста

Редакција