еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Ми фали Груевски како глумец: Дац и Митевски во „Еден на Еден“ кај Жаре

Муабети што никаде до сега не ги споделиле, дуото Драган Спасов- Дац и Александар Митевски ги раскажаа во „Еден на Еден“.

„Ми фали Грувески како глумец, ама не го биваше ич“, откри Дац за поранешниот премиер Никола Груевски, откако Жаре го потсети дека се нашле заедно на иста сцена, во Драмски театар, во култната претстава „Грев или шприцер“.

Митевски пак раскажа дека кариерата ја започнал како рапер, со својот „ОК бенд“, кога бил тинејџер.
„Се однесуваме како вистински брачен пар“, изјавија продуцентот и актерот. За крај, не почестија со „Уште ми фалиш“, хитот од „Макфест“, во друштво на тамбурашите „Гезме“ и хармоникашот Војче Петрушев.

Уште еден куп интересни приказни ве чекаат во недела, на Канал 5, во 18.30.

До тогаш, погледнете ја најавата за третата епизода на „Еден на Еден“ од „Сезона 11“:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка

Редакција

ДИК: Излезеноста до 11 часот 8,03%

Редакција

Бремена жена и дете меѓу повредените во трагедијата во Романовце

Редакција