Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирусологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Бесанкон, Филип Хумбер.
– Може да се излекувате од вирусот, но се уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц.
Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Хумбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.
Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот коронавирус.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките
Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува
Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај
(Видео) Браво: Компанијата “Ипринт“ од Прилеп почна со изработка на заштитен штит за лице