еМагазин
Image default
Локално

Измама во Гостивар: „Канаѓанец“ му зел 500 евра за болнички услуги, а во залог му оставил „златен часовник“

На 20.08.2019 околу 10.30 часот во Полициската станица Гостивар, Ш.А.(86) од село Вруток, гостиварско, пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица, информира МВР.

Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата.

Според пријавата, Ш.А. му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно му го продавал на другото непознато лице. После тоа лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Супстандардните населби создаваат невидливи заедници за градоначалниците и општините

Редакција

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни

Редакција

Луцидно зголемување на плати во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Редакција