еМагазин
Image default
Локално

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни

Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето
плаќање.

Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран поминале 51 илјади патници

Редакција

Пронајден богат плен кај двајца прилапчени кои краделе во Скопје

Редакција

Американец тешко повреден при пад на скијачки турнир на Пелистер

Редакција