еМагазин
Image default
Македонија

Измените на законите за ДДВ и за акцизи денеска пред пратениците

Во 15 часот денеска треба да почне собраниската седница на чиј дневен ред единствени точки се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.

Измените и дополнувањата вчера беа доставени од Владата, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата.

Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

-Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.

Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, наведува Владата.

Владата и премиерот Димитар Ковачевски упатија апел до пратениците веднаш да ги усвојат законските измени и дополнувања, за да се обезбеди брза имплементација на донесените мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рафтовите во продавниците нема да останат празни, тврди Бектеши за „еМагазин“

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

22 години од убиството на осумте бранители кај Љуботенски Бачила

Редакција