еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Израдувајте ги вашите дечиња со најубавите производи од „Винчини“

За време на новогодишните и божиќните празници, христијаните ширум светот го слават раѓањето на Исус Христос. Традиционални божиќни декорации ги красат плоштадите на градовите и домовите на верниците. Овој период од годината целата магија ја ткае новогодишната елка, светилките и украсите, подароците и среќните лица на луѓето.

Во многу региони во Франција, новогодишните празнувања започнуваат со празникот Сент Николас прва недела од декември. Децата добиваат слатки и мали дарови. Некои историски податоци сведочат за првите декорирани новогодишни елки кои се забележани токму во северните делови на Франција. Во очи новогодишната ноќ, децата ги чистат своите кондурчиња и ги редат близу до каминот, верувајќи дека Дедо Мраз ќе им остави слатки во изобилство.

Во Исланд, според традицијата децата закачуваат чорапчиња на прозорите и чекаат стариот дебел дедо да ги наполни со слатки. На другиот крај на светот, во Филипини постои многу интересен празничен обичај. Децата изработуваат светилници во форма на ѕвезди, главно од бамбус и хартија кои се нарекуваат ‘paról’.

Со нивните рачно изработени светилници тие ги обиколуваат домовите на соседите, пеат песни, а возрасните ги наградуваат со слатки. Малку поинаква божиќна и новогодишна прослава имаат децата во Австралија, каде сега преовладуваат летни температури. Тие се собираат со семејството на плажа и уживаат во пикник, дружење и песна.

Според обичаите во Македонија, децата ги прославуваат новогодишните празници со приредби, претстави и многу пакетчиња со слатки кои им ги подаруваат родителите, роднините, учителките и сите кои сакаат да ги израдуваат. Пишуваат писма со желби, учат песнички и одбројуваат до моментот кога ќе ги отворат пакетчињата со вкусни слатки задоволства.

Подарувањето за Нова Година е традиција во сите земји во светот, затоа што благото е синоним за среќа и задоволство. Винчини и оваа година за своите најдраги го направи најдобриот избор од својот асортиман и го спакува во новогодишните пакетчиња. Израдувајте ги вашите дечиња и истовремено бидете сигурни во квалитетниот избор на слатки кои ќе им го понудите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Редакција

На Гинекологија почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала коронавирус

Редакција

Министерство за здравство: Внуката на Филипче е вакцинирана по редовниот календар за имунизација, соодветен за нејзината возраст

Редакција