еМагазин
Image default
Македонија

Извор од ДУИ: Предвремени избори во јуни, ако нема датум за преговори

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија, соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

„Блокадата на Парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори“, вели изворот на порталот.

Според пишувањето на порталот на предвремените избори ДУИ нема да оди во предизборна коалиција со македонските партии – ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

Официјално, од партијата велат дека немаат конкретен став за можноста за предвремени избори, но не ги демантираат информациите на „КД политик“.

Фото: МИА/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милески ќе оди во затвор, потврди Апелација

Редакција

Мајки протестираа против владината одлука да се вратат на работа

Редакција

Заев имаше средба со пратеникот на Беса, Реџепи во Владата

Редакција