еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Joint Commission International: Граѓаните на Македонија треба да бидат горди на Клиника Жан Митрев

Joint Commission International ја достави официјалната акредитација до Клиника „Жан Митрев“ и потврди дека клиниката е здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите, информираат од Клиниката.

Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега, а Клиника „Жан Митрев“ овој сертификат го добива по третпат.

„Граѓаните на Македонија треба да бидат горди што вашата организација е фокусирана на оваа предизвикувачка цел, континуирано да го зголемува квалитетот и безбедноста на пациентите на највисоко ниво“, стои во акредитивното писмо испратено до д-р Митрев.

Работата на Клиниката Жан Митрев беше оценувана од тричлена комисија на Joint Commission International, при што беа евалуирани 1.200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови за добивање на сертификатот Златен печат.

По евалуацијата и оценувањето на целосната работа, комисијата стандардите на Клиника „Жан Митрев“ ги израмни со стандардите на Mayo Clinic, потенцирајќи дека „Клиника Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Mayo Клиника не само на Балканот, туку и за Европа“.

Joint Commission International е формирана во САД во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии, апелира МНР

Редакција

(Видео) Четири лица се повредени откако се преврте и запали возило кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Редакција

Поради поплавите, Македонија ќе испраќа војници во Словенија, побарана помош и во механизација

Редакција