еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски го предлага Спасов на местото на Иванка Додовска во Националниот совет за евроинтеграции

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на претседателот за член во Националниот совет за евроинтеграции.

„Воедно, Кабинетот на претседателот бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет“, известуваат од таму.

Фото: Кабинет на Претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР препорачува македонските државјани да го одложат доаѓањето ако се во земји од висок или среден ризик

Редакција

Ковачевски: Клубот во Благоевград е финансиран од приватни лица, на кој начин е регистриран треба да проверат бугарските институции

Редакција

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Ресен продолжува да расте

Редакција