Психологот и психотерапевт Ивана Хаџиванова на фејсбук-страницата Гешталт психотерапија – Gestalt Psychoterapy, сподели главни симптоми на депресија.
Како што вели, важно е да го знаеме и да може навреме да ги препознаеме кај себе и кај другите.
Според Хаџиванова, навременото препознавање и третман се важни за добра прогноза.
Кои се главните симптоми:
– чувство на тага и депресивно/ниско расположение
– губење на интересите и задоволството во активностите што некогаш се уживало
– пад на вољата
– промени во апетитот – губење на тежината која не е поврзана со диета, или зголемување на тежината
– растројство на сонот и спиењето од инсомниа-несоница, често будење во текот на ноќта или рано будење пред типичното време за станување, до хиперсомнија односно зголемена потреба за сон
– пад на либидото/сексуалната енергија и желба
– губење на енергија и зголемен психофизички замор
– забавени движења и говор
– немир и раздразливост
– постојани физички симптоми (главоболки, дигестивни нарушувања и хронична болка)
– чувство на безвредност, беспомошност, вина
– песимистичност
– тешкотии во размислувањето, пад на концентрација и внимание и тешкотија во донесување одлуки
– намалена животна и работна ефикасност
– мисли за бесмисленост на животот, себеповредување, смрт и самоубиство….