еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во својот говор на дебатата за ратификација на Договорот од Преспа, освен Егејците и народниот херој Мирка Гинова, го спомна и Абецедар-от, букварот на македонски јазик за македонското национално малцинство во Грција, издаден во далечната 1925 година.

Абецедар-от е подготвен од специјална комисија на грчката влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународен притисок и покровителство на Друштвото на народите во Женева, и е отпечатен во Атина на прилепско-битолско-лерински народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис.

Целта со издавањето на таа вредна книга во развитокот на македонскиот јазик и култура е едуцирање на македонското население во Егејска Македонија.

Со самиот факт што тој дел на Македонија потпаднал под грчка контрола, на македонското население му била укината можноста да се образува на својот мајчин јазик.

Со издавањето на Абецедар-от се направил голем чекор кон остварување на таа цел, но за жал за многу кратко време.

Имено, Абецедар-от бил набрзо бил укинат од страна на грчката влада, а со тоа е изгубена и единствената врска на Македонците со својот јазик сѐ до 2006 година.

Во 2006 година е дозволено повторно преиздавање на Абецедар-от на македонски јазик и е испечатен во Солун.

Второто издание на Абецедар-от е овозможено благодарејќи на политичката партија на Македонците во Егејска Македонија – Виножито.

Во новото издание се вклучени старото издание на Абецедарот, новото издание на Абецедарот, предговор и други статии.

Користени материјали од Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Грчки пратеник: „Грчка Македонија стана грчка со размена на население“

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Која била Мирка Гинова која Ципрас ја спомна во својот говор во Парламентот

Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој не освои мнозинство на изборите во Франција, крајната десница трета

Редакција

Циркузот со уставните измени продолжува, исклучените пратеници од ВМРО ДПМНЕ сега демек воздржани

Редакција

Европската комисија ги откри деталите за предлогот: Само вакцините одобрени во ЕУ ќе се прифатат во сертификатите за патување

Редакција