еМагазин
Image default
Бизнис

Како работеше ТТК Банка во првите три месеци од годинава

Во првите три месци од годинава, ТТК Банка генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност, во износ од 40,8 милиони денари, кој е за 9,4% повисок во однос на минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Во истиот период се забележа подобрен квалитет на кредитното портфолио што влијаеше нето-исправката на вредноста на финансиските средства да изнесува 8,6 милиони денари, што е за 65,5% пониска во однос на 31.3.2021 година.

Заклучно со 31.3.2022 година, финансискиот резултат изнесува 30,5 милиони денари, што претставува повисок резултат за 18,3 милиони денари или за 149,5% во однос на истиот период минатата година. Планираниот финансиски резултат за првиот квартал од годинава е остварен со 117%.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката.

Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 31.3.2022 година изнесуваат 58,8 милиони денари и во однос на планот се остварени со 100,4%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 47 милиони денари и бележат зголемување за 2,1% во однос на претходната година, што се должи во најголем дел од зголемените приходи од провизии од картично работење, како и од реализираните приходи од провизии од платниот промет од секторот стопанство и приходи од провизии од брокерско работење.

Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,9%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 3 милиони денари и бележат годишен раст од 28,1% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 99,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 21,5 милиони денари и се повисоки за 12,6 милиони денари во однос на минатата година, како резултат во најголем дел од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Планот е надминат за 2 процентни поени.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 88,3 милиони денари и се за 4% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат во најголем дел од повисоките трошоци за плати, како и од зголемените материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 99,8%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 8,7 милиони денари, како резултат на подобрениот квалитет на кредитното портфолио. Истата е пониска за 16,4 милиони денари или за 65,5% во однос на 31.3.2021 година.

Во текот на првиот квартал од 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 1,6 милиони денари“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драгољуб Арсовски купи акции во ТТК Банка

ТТК Банка ќе исплати дивиденда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пиварница ќе дели дивиденда од 1.111 денари бруто по акција

Редакција

Осигурување Македонија ја зголеми добивката

Редакција

Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии

Редакција