еМагазин
Image default
Спорт

Српските медиуми за пласманот на Македонија на ЕП: „Никој не може да го оспори Горан Велики„

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им честиташе на граѓаните на Македонија за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство, јави дописникот на МИА од Белград.

-Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „Будуќност Србија“.

Заедно со пораката беше објавена и фотографија од знамињата на Србија и Северна Македонија.

Успехот на македонската фудбалска репрезентација со пласманот на ЕП наиде на голем одзив во српските медиуми. Речиси и да нема медиум кој не пишува за успехот на фудбалската реперезантација по синоќешната победа на Грузија во Тбилиси и пласманот на ЕП.

Северна Македонија го слави Пандев, Северна Македонија и Пандев пишуваат историја, Никој не може да го оспори Горан Велики, Историски успех на Северна Македонија и пласман на ЕП, Комшиите ја пишуваат историјата, пишуват српските медиуми, цитирајќи ги изјавите на македонските фудбалери по победата и објавувајќи фотографии и видео стории од вчерашниот натпревар.

Медиумите во Србија го забележаа и славењето на граѓаните по улиците со наслови: „Лудница во Скопје“, „Македонците масовно го слават пласманот на репрезентацијата на ЕП, но и паричната награда на македонската влада за пласман во износ од 10.000 евра со наслов „Македонците го запалија Скопје заради пласманот на ЕП, државата итно се обрати и вети премии“.

Со оглед на вчерашниот неуспех на српската фудбалска репрезантација со Шкотска, која на пенали немаше среќа да се пласира на ЕП, медиумите уште повеќе му даваат значење на успехот на македонскиот национален тим- „Ние не успевме, но Македонците првпат на ЕП“.

Особено значење беше дадено на одјавата на коментаторот на Македонската радио телевизија, проследен со видео запис –Уживај Македонијо…ова е порака за сите православни, христијани, Албанци, Турци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) „Дистанца е најважна“: Само Македонија од регионов на ЕП во фудбал

(Видео) „Лудило“ на прес-конференцијата по мечот меѓу Македонија и Грузија

(Видео) Македонците на улица: Се слави пласманот на Европското фудбалско првенство

МИА/Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска го освои третото место на Светското првенство во фудбал

Редакција

Стојанче Стоилов избран за најдобар спортист на Скопје

Редакција

Промовирани спортската монографија и документарен филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“ во издание на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Редакција