еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како здравствените работници да го зачуваат менталното здравје

Невропсихијатарот Марија Ралева, се осврнува на менталната заштита на здравствените работници, која е подеднакво важна како и физичката.

Пренесуваме дел од нејзиниот текст кој е објавен на веб-странициата на Лекарската комора.

„Да се грижите за самите себе значи прво да се заштитите себе си, сопственото здравје за да можете да се грижите за здравјето на другите, на своите пациентиНајважно е придржување до основниот протокол за физичка заштита од инфекцијата.

Tоа практично значи да си обезбедите дополнителни неколку минути, и без оглед на итноста на ситуацијатада проверите дали сте направиле сѐ како што треба и дали вашите колеги го направиле истото. Најбитно е како се става, како се раководи и како се вади и фрла опремата.

Она што е исто толку важно е да ги задоволите базичните потреби за одмор, сон и редовна исхрана (бидејќи и заморот и гладта го засилуваат стресот). Затоа правете куси паузи во тек на работата и научете да се релаксирате. И кога е најдинамично и итно, обезбедете неколку минути за Вас, за да се растоварите од стресот и анксиозноста. Користете вежби за релаксација.

Сите не сме здравствени работници во првата линија на справување со пандемијата, но сите исто така имаме важна улога во поддршката на нашите колеги во Дебар, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во Гостивар и секаде кадешто ќе се појави и прошири Ковид-19.

Едноставен израз на благодарност што се грижите за пациентите, што се грижите за нивно преживување и излекување, ставајќи го под ризик своето здравје, е нашиот одговор грижејќи се за Вас.“

Вежба за релаксација

Насочување на вниманието:

• Најдете удобна позиција за седење, со стапалата на земја и дланките во скутот!

• Затворете ги очите ако ви е удобно!

• Фокусирајте се на дишењето (Пауза)!

• Можете да ставите една рака на стомакот и почувствувајте како се крева и спушта со секој ваш здив (Пауза)!

• Следете го дишењето како вдишувате и како издишувате (Пауза)!

• Ако забележите дека размислувате за нешто, тоа е природно (Пауза)!

• Бидејќи сте под стрес, кажете си „Во ред е. Што и да е, јас сум во ред”. (Пауза)!

• Вратете го вниманието на дишењето (Пауза)!

• Фокусирајте се на дишењето извесен момент (Пауза)!

Проширување на свесноста:

• Проширете го вниманието на целото тело (Пауза)!

• Проширете го вниманието на звуците во собата (Пауза)!

Рефлексија:

• Дајте си време за да размислите дали се чувствувате поразлично по релаксацијата!

• Кога сте подготвени, отворете ги очите (Пауза)!

• Можете да се релаксирате во било кој момент од денот, особено кога сте напнати или кога нешто Ве вознемирува!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12 случаи на заболување со коронавирусот кај здравствени работници во Македонија

Дебар и Скопје во 4 фаза: Какви се проценките за ширење на коронавирусот во Македонија

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 77-годишна возраст почина македонскиот актер Димче Мешковски

Редакција

Лука, Јана и Софија најчести имиња во Македонија

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски со сопругата Елизабета блеснаа на Охридско лето

Редакција