еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Љуљзим Алиу, разрешениот заменик министер за образование и наука

Пратениците го разрешија заменик министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени заменик министрите Асани, Абедини и Алиу

На негово место доаѓа Агим Нухиу.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Алиу кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал заменик министер.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил стан во Скопје, а како заеднички имот пријавил куќа во Кичево, од наследство.

Вози Пасат, а на име на сопругата пријавил возило Фиат пунто.

Пријавил и два кредити, неговиот е во износ од 120 илјади денари и треба да го врати годинава, а вториот како заеднички, од 610 илјади денари, кој треба да го вратат до 2025 година.

На име на сопругата пријавил и полиса за животно осигурување од 500 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Абдулшуќур Абедини, разрешениот министер за земјоделство

Каков имот пријавил Башким Асани, разрешениот заменик министер за одбрана

Фото: Фејсбук/Алиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“: „Порано имаше поштари што крадат пензии, сега поштите се „опљачкани“ сосе пензиите“

Редакција

Пожари, поплави, топлотни бранови: Претседателите на Грција, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија со заеднички апел за климатската криза во Медитеранот

Редакција

(Фото) Пендаровски на богослужба за Велигден со семејството во Галичник

Редакција