еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Елизабета Дуковска, која е избрана за нов судија во Уставниот суд

Судијката од Апелациониот суд, Елизабета Дуковска е избрана за нов судија во Уставниот суд.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала судијка во Апелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Елизабета Дуковска, која е избрана за судија во Уставниот суд

Каков имот пријавила

Според нејзиниот анкетен лист како заеднички имот пријавила стан во Охрид, од наследство пријавила стан во Скопје на име на сопругот, а на свое име пријавила недвижен имот во скопска Кисела Вода.

Вози Сузуки, а како заеднички имот пријавила уште едно возило Сузуки, а од наследство пријавила и ловечка пушка.

На име на сопругот пријавила акции и приходи од дивиденда, а на свое два кредити, кои според податоците во анкетениот лист треба да се вратени пред неколку години.

Невообичаено, во анкетниот лист го пријавила и гробното место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На судењето презентирана снимка од нападот на Пендиков

Редакција

Студентите се обединија – утре сите заедно на марш

Редакција

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

Редакција