еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот до Државната комисија за спречување корупција пријавиле новите министри во македонската Влада.
Каков имот пријавила министерката Радмила Шекеринска
Старо-новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на свое име пријавила стан во Скопје од 50 метри квадратни, проценет на 2,7 милиони денари.
На име на сопругот пријавила стан со двор во Скопје од 143 метри квадратни, проценет на 240 илјади евра и уште еден стан-подарок, од 61 метар квадратен, исто во Скопје.
Нејзиниот сопруг годинава се подновил со ново возило Триумф, проценето на 799 илјади денари.
Таа има побарување врз основа на даден заем од 610 илјади денари, на име на сопругот пријавила неколку денарски и девизни сметки и депозити.
И таа штеди во денари и девизи, па на пр. има заштедено 20,4 илјади евра и 1,5 илјади долари.
На име на сопругот пријавила два кредити, кои се уште се отплатуваат.
На свое име, на име на сопругот и на име на децата пријавила и животно осигурување.
Целиот нејзин анктен лист ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Бујар Османи, министерот за надворешни работи
Каков имот пријавил Бојан Маричиќ, министерот за правда
Каков имот пријавил министерот за финансии, Фатмир Бесими
Се уште нема ни сопствен стан, ни автомобил: Каков имот пријавил премиерот Зоран Заев
Фото: МО