еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Колку е богат претседателот Деркоски

Во пресрет на престојните предвремени парламентарни избори, еМагазин стартува серијал за тоа каков имот пријавиле членовите на Државна изборна комисија (ДИК) до Државната комисија за спречување корупција.

Стартуваме со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил стан во Скопје од 74 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Пријавил уште еден стан на име на сопругата од 70 метри квадратни во Скопје, проценет на 5 милиони денари, стекнат исто така со договор за купопродажба.

Од наследство пак добил дел од куќа во Прилеп.

Вози Хонда, проценета на 1 милион денари, има побарување од 850 илјади денари по основ на заем и кредит од 3,2 милиони денари, кој ќе го отплаќа до 2031 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Оливер Деркоски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Редакција

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница во Парламентот за Македонија

Редакција

До петок променливо, врнежливо и постудено време

Редакција