еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Какви документи и да се појават, ЕУ е против промена на граници велат од Европска комисија

Повторно запрашани за наводните нон-пејпери кои споменуваат прекројување на границите на Западен Балкан, од Европската Комисија денеска пристигна јасна порака дека ваков проект не доаѓа в предвид, јави дописничката на МИА од Брисел.

Прашањето беше повторно поставено денеска на редовниот брифинг за новинари во Брисел по повод посетата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во институциите на ЕУ.

Тој утрово се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, рече дека фамозниот нон-пејпер кој наводно е поднесен од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, ниту било кои други документи со слична содржина никој не видел во Европската комисија.

– Ја знаете добро позицијата на ЕУ за тоа дека не сме за никаква промена на граници, ова треба да се отстрани, какви пејпери и да се појават во иднина или да се појавиле во минатото, нашиот став е јасен, рече Мамер.

Останува дека наводниот нон-пејпер е поднесен до Европскиот совет и неговиот претседател, Шарл Мишел, што е различна институција од Европската комисија и каде заседаваат лидерите на земјите членки на ЕУ.

Од кабинетот на Мишел до сега немало ниту потврда, ниту демант, ниту став за промената на границите на западниот Балкан откако во медиумите се објави овој документ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата да го врати буџетот на МИА, дописништвата од светот да продожат со работа, бараат од Синдикатот на Агенцијата

Редакција

Мицкоски вели дека ги „исправал“ лагите на власта пред Ескобар

Редакција

И официјално: Само поради Бугарија нема датум за преговори со ЕУ

Редакција