еМагазин
Image default
Забава

Калиопи: Понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави

По подолга пауза на македонската музичка сцена Калиопи сними нова песна „Пресуда“ која е комплетно авторско дело на нејзиниот композитор, текстописец и продуцент Ромео Грилл.

„Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна…А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби понекој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам „Пресуда“ во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград”, вели Калиопи.

Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендот Атлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.

Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни.

Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје.

Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.

Песната е премиерно емитувана на официјалниот You Tube канал и нејзините социјални мрежи, а ја прати видео спот за чија реализација беше задолжена екипата на НН Медиа.

Фото: Кристијан Теодоров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шварценегер, Мадона, Лопез: На познатите „не им лесно“ во корона-карантин

Редакција

(ВИДЕО) Новата Мис на светот е од Јамајка, Македонија не учестуваше на изборот

Редакција

Mузичката дива Јасмин Леви за прв пат во Скопје, под покровителство на МТЕЛ

Редакција