еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“

Канадските власти од денеска ги отвораат државните граници за целосно вакцинирани странци кои сега можат и туристички да патуваат во земјата.

Според соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, државјани на други земји кои се целосно вакцинирани само со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“, можат да пристигнат во Канада најмалку 14 дена после втората доза.

Покрај тоа, туристите мора да имаат и негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред да пристигнат во Канада, како и да се регистрираат во специјална апликација за патување.

Царинските службеници го задржуваат правото да упатат патник на експресен тест за коронавирусот.

На целосно вакцинираните странци нема да им биде потребен 14-дневен карантин, како што сега им е наложено на невакцинираните Канаѓани кога ќе се вратат дома.

Министерството за надворешни работи појасни дека децата под 12-годишна возраст можат да бидат без вакцини, но мора да бидат придружени од целосно вакцинирани родители или старатели. Тие, исто така, не мора да бидат во карантин две недели, но на тие деца им е забрането да ги посетуваат образовните институции и преполните места во текот на првите 14 дена од нивниот престој во Канада.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 85 болни од Ковид-19

Редакција

„Тежи“: 186,3 милијарди долари: Бернард Арно е најбогат човек во светот

Редакција

Амазон за првпат е највредна американска компанија со чии акции се тргува на берза

Редакција