еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Каракачанов пак излажа, во Македонија со години две бугарски телевизии емитуваат програма

Некрунисаниот крал на лажни вести и говорот на омраза во Европската Унија, бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов освен дневните дози навреди за македонскиот народ, речиси секојдневно шири и лажни вести, кои не се поврзани само со историјата на Балканот и на Македонија.

Деновиве за бугарските медиуми изјави дека во Македонија имало секакви медиуми, но не и бугарски.

И тој самиот најверојатно знае, но не му одговара тоа да го каже, општо познато е дека во Македонија со години кабелските оператори пренесуваат два бугарски музички канали, Балканика и Планета ТВ.

Исто така општо познато е дека музиката ги зближува луѓето. Ќе го игнорираме фактот каква музика и какви вредности промовираат овие музички канали на кои најчесто се појавуваат полуголи девојки, но нели за тоа кој каква музика сака и што сака да гледа, не се дискутира.

А колку македонски медиуми има во Бугарија?

Како што знае цела Европска Унија во Бугарија на Македонците не им е дозволено да формираат ниту невладина организација, Македонците не се признати како малцинство, иако на сите им е јасно дека ги има, а камоли македонски медиуми да имаат можност да се гледаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кво вадис Македонијо: Сатанисти убиваат животни, ученици се фрлаат низ прозор, градоначалници шверцуваат…

Редакција

Предлозите за укинување на „пржинската влада“ и на апанажата не поминаа во Собранието

Редакција

„Аутомобиле СК“ го доби тендерот на Центарот за јавно здравје Велес за набавка на товарни возила

Редакција