еМагазин
Image default
Балкан

Каракачанов во тесно, го наградил со Орден за воена храброст еден од уапсените шпиони

Електронското издание на бугарскиот весник „24 часа“ пренесува дека полковник Петар Петров од Министерството за одбрана е еден од шесте уапсени за шпионскиот скандал.

Дописникот на МИА од Софија јавува дека денеска Воениот суд на Бугарија ќе одлучи со какви мерки на притвор ќе бидат пет од нив. Меѓу нив е и полковникот Петров.

Тој е заменик – шеф на Дирекцијата за планирање, програмирање и буџет во Министерството за одбрана, а претходно бил експерт во бугарското Министерство за одбрана.

Освен што е војник, тој е и страствен тенисер. Не случајно, некои од конспиративните состаноци на групата, предводени од Иван Илиев, се одржаа на тениски натпревари во Софија.

Пред една година, полковникот Петар Петров бил награден од министерот за одбрана Красимир Каракачанов со Орден за воена храброст, 3 степен, на церемонија во Воениот клуб во Софија.

Сè уште не е јасно како високиот функционер на бугарското Министерство за одбрана дејствувал како дел од руска шпионска група. Двајца други обвинети се офицери на Воената разузнавачка служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

(ВИДЕО) Бугарија ја “тресе“ шпионска афера: Бугари шпионирале за Руси

МИА/Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Редакција

Ердоган или Киличдароглу: Турција денеска ќе добие нов претседател

Редакција

Карантинот за секој кој влегува од Македонија во Албанија е избрзана и погрешна одлука, смета македонскиот пратеник во албанскиот парламент Стерјовски

Редакција