еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонските ракометарки се пласираа во баражот за Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје.

Вечерва совладана е Грција со 20:19. До триумфот избраничките на селекторот Симе Симовски дојдоа потешко од очекувањата. На полувремето гостите имаа предност од 13:10.

Најефикасна во таборот на „црвено-жолтите“ беше Сара Ристовска со 10 погодоци, а меѓу најзаслужните за позитивниот резултат е и голманката Мицевска со девет одбрани од кои и последниот шут на противничките во самиот финиш од мечот.

Со шест бода Македонките се пласираа во баражот за Светското првенство во Шпанија 2021.

Вториот патник во плејофот од квалификациите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде познат по вечерашниот дуел Исланд – Литванија.

МИА/Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Србија го потпишаа договорот за „One Stop Shop“, систем со едно застанување и брза заедничка контрола на границите

Редакција

Кој е Наке Георгиев, кој поднесе оставка од Судскиот совет, за да неговиот син стане судија

Редакција

Бугарија ни спрема писмен документ со обврски

Редакција