еМагазин
Image default
Локално

Кардиохирург од Струга кој живее и работи во Швајцарија сака да Центар за рехабилитација во родниот крај

Изградба на центар за рехабилитација во Струга била главна тема на денешната средба на градоначалникот Рамиз Мерко со кардиохирургот Орхан Џемаили.

Џемаили, кој живее и работи во Швајцарија, како што соопшти општинската прес-служба, бил заинтересиран за изградба на Центар за рехабилитација, проект вреден осум милиони евра.

– Стручниот персонал ќе бидат доктори од Швајцарија, водени од кардиохирургот Џемаили, додека техничкиот и помошниот персонал ќе бидат стручни лица од Струга, со што ќе се отворат нови работни места за граѓаните на општина Струга, стои во соопштението.

Општина Струга информира дека во финална фаза е изработката на документацијата за изградба на нова општа болница во градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И барал 300 евра за да не објави компромитирачки фотографии на Фејсбук

Редакција

Приведен скопјанец кој нападнал полицајци во центарот на градот

Редакција

Скопската Зоолошка градина ќе добие фламинга и пингвини

Редакција