еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кардиоваскуларна болест најчесто претходно заболување кај починатите од Ковид-19 во Македонија

Заклучно со податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до 12 јули, најголем дел од починатите поради компликации од Ковид-19 во Македонија биле на возраст од над 60 години.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=273) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 61,6/100.000 жители.

Регистрирани се 240 смртни случаи кај лица од машки и 145 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 311 (80,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=240), дијабет (n=114) и белодробна болест (n=56).

Регистрирани се по два смртни случаи кај бремени жени и кај здравствени работници“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на починати надмина 400: Осум нови пациенти починаа од корона вириусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски се сретна со Ердоган во Истанбул: Македонија и Турција продолжуваат со одлична билатерална и економска соработка

Редакција

За да се олесни плаќањето во евра, Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА

Редакција

Колку е всушност успешен шведскиот модел за справување со коронавирусот?

Редакција