еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штип и Ресен со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека Штип и Ресен се со најмногу заболени со Кови-19 на 100 илјади жители

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 867,6 и Ресен со 843,9 заболени на 100.000 жители, Скопје (627,9/100.000), Куманово (604,1/100.000), Свети Николе (573,3/100.000), Дебар (544,0/100.000), Струга (484,9/100.000), Тетово (436,0/100.000), Охрид (404,6/100.000), Прилеп (315,8/100.000) и Велес (306,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Гостивар и Кочани“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.

Во Скопје според последните податоци на Министерството за здравство вкупно има заболено 4.083 лица со Ковид-19, од кои активни се 1.823, во Куманово вкупно 882, од кои активни се 214, во Дебар вкупно 154, од кои активни активни се 92, во Штип вкупно 492, од кои активни се 202, во Прилеп вкупно 305, од кои активни се 56, во Тетово вкупно 900, од кои активни се 291, во Струга вкупно 342, од кои активни се 167, во Велес вкупно 205, од кои активни се 31, во Охрид вкупно 229, од кои активни се 120, во Свети Николе вкупно 156, од кои активни се 143 и во Ресен вкупно 139, од кои активни се 73.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кардиоваскуларна болест најчесто претходно заболување кај починатите од Ковид-19 во Македонија

Како изгледа состојбата според кумулативната инциденца низ земјава:

Фото: Општина Штип/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема крај со кривичните пријави кон поранешни директори на институциите, овојпат за екс-директорот на Агенцијата за катастар

Редакција

На 14 пунктови ќе се врши тестирање, проценките ќе ги вршат и матичните лекари

Редакција

ДУИ ќе оди на избори сама

Редакција