еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Касами останува на лидер на БЕСА, Хоџа избран за заменик

Биљал Касами останува на лидерската позиција на движењето БЕСА.

Новина од Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје е изборот за првпат на заменик претседател на БЕСА, на која позиција, како што изјави за медиумите Касами, е избран досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа.

Касами немал противкандидат за лидерската позиција.

– За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда, рече Касами.

Со изборот на заменик претседател, додаде тој, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.

– Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ.

Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина и подобри услови за нашите граѓани, порача Касами.

Тој најави дека ќе се залагаат и за што побрзо одржување на предвремени избори, затоа што, според БЕСА, оваа власт не е спремна да ги заштити интересите на граѓаните, особено во овие тешки околности во кои што се наоѓаме.

– Движењето Беса по овој Втор конгрес продолжува уште посилно да оди напред, ние се враќаме на голема врата на политичката сцена на Македонија, ова особено со приклучувањето на многу активисти кое кулминираше со приклучувањето на активистот Фатмир Лимани.

Со ова сакаме да докажеме дека и во иднина вратите на БЕСА е отворена за сите кои сакаат да придонесат за подобро утре за сите нас во Северна Македонија, рече Касами.

Тој најави дека на првиот состанок на Централниот одбор ќе биде избрано ново Централното претседателство на движењето.

Запрашан дали на следните избори БЕСА ќе настапи самостојно или во коалиција со Алијансата за Албанците, Касами нагласи дека партијата се залага за здружување на опозициските партии ориентација, но доколку не дојде до тоа, подготвени се да излезат сами на избори.

– Движењето Беса покажа дека е заинтересирана за соработка и обединување на албанската опозиција, но не се плашиме и сами да одиме на избори, истакна Касами.

МИА/Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Режисерот Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа, доаѓа на местото на Васко Ефтов

Редакција

100 нови кревети во болниците се пренаменуваат за ковид-пациенти, ќе се оперираат само итни случаи

Редакција

Наместо пренос од историскиот меч на Вардар, во живо од пречекот: Кво вадис МРТ?

Редакција