еМагазин
Image default
Македонија

Кастриот Реџепи денеска во Собранието ќе разјасни што се случи кога не се појави за да гласа за недоверба на Владата

Пратеникот Кастриот Реџепи денеска во Собранието ќе одржи прес-конференција, на која, како што претходно најави, ќе разјасни што се случило со неговото непојавување во Собранието, на седницата на која требаше да се гласа за доверба на Владата.

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, во петокот на 12 ноември преку објава на Фејсбук, информираше дека го исклучил од партијата Реџепи, откако тој не дојде во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата.

Касами, претходно, информираше и дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто не бил достапен.

Реџепи, како што доопшти МВР, истиот ден своеволно дошол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Кастриот Реџепи не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата на 11 ноември. Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Реџепи од Беса денеска во полиција дал изјава дека никогаш не бил исчезнат

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени девет лица во акција на ГП „Табановце“, меѓу кои и командир и заменик командирот

Редакција

Ревакцинирани вкупно 372.257 граѓани: Вчера се вакцинирале 14.230

Редакција

Нови 175 заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје 131

Редакција