еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи од Беса денеска во полиција дал изјава дека никогаш не бил исчезнат

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи денеска своеволно дошол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К. Р. , МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, се вели во соопштението од МВР.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера информираше дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето Беса е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

Кастриот Реџепи вчера не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи во понеделник ќе разјасни што се случило, на Беса ѝ порача да не превзема избрзани чекори

Тој ја повика неговата партија, Движењето Беса, да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури и активисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи договор со “Арц ЛТД“, вреден 454,6 илјади евра

Редакција

(Галерија) Кои се наградените на Златна бубамара на популарноста

Редакција

Судски совет ќе ги проверува наводите во известувањето на Австриската амбасада

Редакција