еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судски совет ќе ги проверува наводите во известувањето на Австриската амбасада

Наводите во известувањето на Австриската амбасада ќе бидат проверени, информираат од Судскиот Совет.

Оттаму велат дека до Судскиот совет од страна на австрискиот амбасадор е испратен поднесок со наслов известување, а во прилог и исечок од објавен текст во неделникот Фокус.

– Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија, велат од Советот.

Дополнуваат дека од работната средба произлегол заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки.

– По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продолжи со преземање на конкретни дејствија за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот, дополнуваат оттаму.

Амбасадата на Австрија, преку писмено соопштение вчера упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството постапува по три поднесените кривични пријави од австриската фирма за која реагираше амбасадорот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Етно&Џез проектот на Дани Димитровска и Никола Мицевски со свежо издание на „Дејгиди, луди млади години“

Редакција

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Редакција

Со Ковид-19 заболени вкупно 338 здравствени работници во Македонија, излекувани 249

Редакција