еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Ќулавкова: Со едностраната изјава за македонскиот јазик се откажуваме од македонските дијалекти во соседните држави

Академик Катица Ќулавкова на Фејсбук ја коментира едностраната изјава за македонскиот јазик, која Македонија ја приложи кон записникот од првата политичка Меѓувладина конференција со ЕУ.

Ваква изјава приложи и Бугарија.

“Со унилатералната изјава на РС Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација.

Просторно-временскиот континум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време.

Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици.

Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Бугарија со декларација пред Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ кажа дека нема македонски јазик

Фотографирањето заврши, Македонија вистински преговори ќе почне кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот

Фото: Фејсбук/Ќулавкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари

Редакција

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција

Почнува запишувањето во средните училишта

Редакција